НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
МК
EN
Здружение за заштита
на авторски музички права
1. Која е функцијата на ЗАМП?
Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП е здружение на автори кое колективно ги остварува и штити авторските права на своите членови и другите носители на права. Како автори на музички дела се: композиторот, авторот на текст и аранжерот. ЗАМП работи со непрофитна цел и може да врши само колективно остварување на авторски музички дела. Надлежен државен орган за надзор над актите и работењето на ЗАМП е Министерството за култура на Р. Македонија.
2. Како работи ЗАМП?
ЗАМП наплатува авторски надомест за секое јавно изведување, односно објавување на музички дела, а воедно и собира податоци за користените дела. Добиените податоци се обработуваат, а потоа се врши распределба и исплата на авторски хонорар.
3. Дали ЗАМП ги штити само домашните автори?
Подеднаква заштита според законот уживаат автори и носители на сродни права кои се државјани на Р.Македонија , односно имаат свое седиште во Р.М, како и странски автори и странски носители на сродни права согласно со меѓународните договори, ратификувани од Р. Македонија.
4. Дали ЗАМП ги штити изведувачите?
Не. ЗАМП ги штити само авторите на музика, а тоа се: композиторите, текстописците и аранжерите на музика.
5. Што е авторско дело?
Авторското дело е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста , науката, уметноста и од другите области на творештвото независно од видот, начинот и формата на изразување.
6. Што е автор?
Автор е физичко лице кое го создало авторското дело. Како автор се смета лице чие име, псевдоним, код, или друг знак, на вообичаен начин е означен на делото, односно неговите примероци или е наведен при објавувањето на делото, додека не се докаже спротивното, во согласно со законот.
7. Кои права ги има авторот?
На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со самото создавање на делото. Авторското право е единствено право и неразделно од авторското дело. Тоа содржи исклучиви морални и материјални права. Авторот има исклучиво право да дозволи или забрани користење на неговото дело. За секое искористување на авторското дело од други лица на авторот му следува надоместок.
8.До кога трае авторската заштита?
Материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт.
9.Дали е можно самостојно авторот да ги штити своите права или мора ЗАМП да го заштитува?
ЗАМП врши колективно остварување на правата и согласно ЗАПСП не е можно индивидуално остварување на овие права, поради карактерот на авторските дела.
10.Каде одат средствата кои ЗАМП ги наплатил?
Собраните средства од корисниците на музика, а врз основа на изведените дела наведени во програмите, ЗАМП ги рапределува на авторите без разлика дали се домашни или странски.
11.Зошто кога организирам свадба морам да платам на ЗАМП кога веќе сум им платил на музичарите?
На музичарите сте им платиле хонорар за изведувачките права . Песните кои ги исполнуваат музичарите се нечие авторско дело, за кое е предвидено плаќање авторски надомест согласно на Правилникот со Тарифа за користење на авторски музички дела.
12. Дали ако си слушам музика дома треба да платам на ЗАМП?
Не. Домот е ваша лична сопственост, а не е јавен објект. За користење на музика во јавен објект се плаќа авторски надомест на ЗАМП. Ако некој носач на звук (на пример ЦД) го слушате во домот или автомобилот не се плаќа авторски надомест бидејќи тоа е ваша лична сопственост. Но ако истото ЦД го користите во угостителски објект (на пример кафе бар), тогаш треба да се плати авторски надомест.
13.За својот јавен простор уредно плаќам РТВ претплата. Дали треба да платам и на ЗАМП за користење на радио или ТВ приемник?
Да, треба да платите РТВ претплата, која е предвидена со законот за радиодифузна такса, која се плаќа за поседување на радио и ТВ приемник. Средствата остварени од претплатата се примарен извор за работа и развој на МРТ.
14. Зошто оваа година добив повеќе хонорар од изминатата година?
Авторскиот хонорар зависи од тоа колку пати било изведено делото на радио, тв, јавни објекти и надоместокот кој е наплатен за тоа.
15. Дали авторите плаќаат за да станат членови на ЗАМП?
Не. Авторите единствено треба да ги пополнат формуларите за членство и потоа да ги пријавуваат своите дела кои ЗАМП ќе ги штити.
За нас |
Вовед
Структура на ЗАМП
Органи на ЗАМП
Собрание
Управен Одбор
Надзорен одбор
Автори |
Корисници |
Радиодифузни организации
Концерна дејност
Угостители
Умножување
Оператори на кабелска мрежа
Интернет услуги
Законска регулатива |
Меѓународна соработка |
Контакт