Јован Јованов Во цела Европа и во цел свет авторските права се почитуваат. Ние сме Европа. Да ги почитуваме авторските права...
Драган Даутовски Македонскиот фолклор е мојата амајлија и уметнички идентитет.Почитувајте го културното наследство...
Милан Завков Песните и ората во минатото ги создавале незнајни творци. Денешните песни имаат знајни автори. Ако уживате во нив почитувајте ги нивните права...
Управниот одбор го сочинуваат 8 членови.
Членовите на Управниот одбор ги избира Собранието за време од 4 години, со право на повторен избор.
Предлагањето и утврдувањето на кандидати за членови на Управниот одбор го врши Собранието со јавно гласање.
Член на Управниот одбор може да биде член на Здружението, кој кумулативно исполнува најмалку 3 од следниве критериуми:
- најмалку 50 пријавени дела;
- чии права колективно се управувани од ова Здружение во непрекинато траење во последните 7 пресметковни години;
- висината на надоместокот кој носителот на правото го остварил во последните 5 години да не е помала од 1500 € (евра) во денарска противвредност годишно во континуитет;
- да е афирмиран автор кој со својата работа дал придонес во развојот на музичкото творештво, македонската музика и заштитата на авторските права
Од избраните членови на Управниот одбор, Собранието избира Претседател со мнозинство гласови од присутните членови, со мандат од 4 години, со право на повторен избор.


Управен одбор
МК
EN
Здружение за заштита
на авторски музички права
Претседател на Управниот Одбор
Борче Нечовски
Овластено лице кое го заменува Претседателот
на Управниот одбор во негово отсуство
Проф.д-р.Благој Цанев
Членови на Управниот одбор
Благој Цанев
Весна Малинова
Илчо Јованов
Кристијан Габроски
Огнен Неделковски
Тодор Трајчевски
Георги Барбаровски