МК
EN
Здружение за заштита
на авторски музички права
РАДИОДИФУЗНИ ОРГАНИЗАЦИИ
Радиодифузните организации при емитување на своите програми, користат музика која е нечие авторско дело за кое се обврзани да исплатат авторски надомест на соодветното Здружение за колективно управување- ЗАМП.
РТВ организациите се должни еднаш месечно да му доставуваат на ЗАМП прегледи на емитувани авторски дела, во облик и содржина определени со договор.
Користењето на репертоарот без дозвола на ЗАМП, претставува кривично дело согласно одредбите од ЗАПСП односно Кривичниот закон.
Надоместокот за Радиодифузни организации е содржан во Правилникот со тарифа:
• Јавен Радиодифузен сервис-Македонската Радио и Телевизија( МРТВ)- Тарифен број 23
· Приватни електронски медиуми
1.Емитување и пренос на радио програмски сервис- Тарифен број 24
2.Емитување и пренос на телевизиски програмски сервис- Тарифен број 25