Авторското дело е сопственост на авторот. За секое користење на авторкото дело потребно е согласност од авторот. За јавно користење на делата на авторите чии права колективно се управуваат, Здружението наплатува од корисниците авторски надоместоци првенствено во согласност со:
- општ договор помеѓу Здружението и здруженијата на одделни категории корисници односно нивните комори што го претставуваат мнозинството корисници (Општ договор);
- поединечен договор помеѓу Здружението и поединечен корисник (поединечен договор) и
- Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела во согласност со закон.
Здружението е должно во рокови определени со ЗАПСП да дава дозвола, обезбедува документација за користени дела и да изврши наплата на надоместоците за користените дела како и да изврши исплата на авторки хонорар.
Користењето на репертоарот без дозвола на ЗАМП, претставува кривично дело согласно одредбите од ЗАПСП односно Кривичниот закон.
КОРИСНИЦИ
МК
EN
Здружение за заштита
на авторски музички права