> Editorial Reviews
ЗАМП Здружение за заштита на авторски музички права
ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28
1000 Скопје
Р.Македонија
тел/факс: +389 2 312-2301
e-mail: zamp@zamp.com.mk
ШЕСТ ДЕЦЕНИИ ЗАМП
Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) во Република Македонија го одбележува шестдецениското работење. Во сабота, 28 април 2007,на Факултетот за музички уметности во Скопје, во 10 часот се организира конференција за аспектите на остварувањето на заштитата на авторските права, а истиот ден вечерта во Дом на АРМ со почеток во 20 часот ќе се одржи свечен концерт. На гостите на конференцијата ќе им се обрати Милан Завков, претседател на Собранието на ЗАМП , а реферат за 60-годишниот развој на организираната заштита на музичките права ќе поднесе Благој Цанев, претседател на Управниот одбор на Здружението.Учесници на конференцијата се експерти од Словенија и Велика Британија, како и Директорот на CISAC за Европа. Учесници на концертот се најпознатите имиња на сериозната и на популарната музика:Симон Трпчевски, Ансамблот ТАНЕЦ, Славица Петровска Галиќ, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Драган Даутовски, Синтезис, Адриан Гаџа,Тамара Тодевска и други домашни естрадни ѕвезди.ЗАМП е единствена организација за колективно остварување на авторските музички права, која ги штити подеднакводомашните и странските автори, во согласност со билатералните договори и меѓународни конвенции.
