ЗАМП Здружение за заштита на авторски музички права
ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.28
1000 Скопје
Р.Македонија
тел/факс: +389 2 312-2301
e-mail: zamp@zamp.com.mk
LINKS

Министерство за Култура на Р.Македонија

КОМИСИЈАТА ЗА РЕШАВАЊЕ ВО УПРАВНА ПОСТАПКА ПРИ ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДОНИЈА ...
Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на образованието, науката и културата (образование, наука, култура, архивска дејност, спорт и информации) при Владата на Р.Македонија постапувајќи по жалбата бр. 38-4/6 од 17.11.2006 год. на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП од Скопје на седницата одржана на ден 21.02.2007 донесе решение со кое жалбата на ЗАМП се уважува и се дава согласност на Правилникот за заштита на авторските права и распределба на авторските надоместоци бр. 526-1-03 од 12.10.2005 год. и согласност на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела бр.526-2-03. Решението донесено од Министерство за култура на Р. Македонија бр. 07-5694/4 од 17.10.2006 год. се поништува 
 
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗАМП ОД СТРАНА НА ЦИСАК ЗА ПРОМЕНАТА НА КАТЕГОРИЈАТА НА ЧЛЕНСТВОТО
Известување превод на македонски јазик)


ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗАМП ОД СТРАНА НА ЦИСАК ЗА ПРОМЕНАТА НА КАТЕГОРИЈАТА НА ЧЛЕНСТВОТО
Известување



ИЗВЕШТАЈ НА УПРАВНИОТ ОДБОР ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА ОТЕЖНАТОТО РАБОТЕЊЕ НА ЗАМП
Управен Одбор



ЗАМП

Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП е единствена организација за колективно остварување на авторските права на територијата на Р.Македонија. ЗАМП подеднакво ги штити домашните и странските автори согласно билатералните договори и меѓународни конвенции. ЗАМП е членка на Мегународната конфедерација  на друштва на автори и композитори -ЦИСАК, која обединува 217 авторски друштва од 114 земји во светот. Има склучено договори за реципрочно застапување за мали права со 48 авторски друштва и договори за реципрочно застапување за механички права со 17 авторски друштва
Јубилеј 60 год. ЗАМП
ИЗВЕСТУВАЊЕ
                                 06.јуни.2008 год.

Министерството за Култура на РМ  на 06.06.2008 година донесе Решение бр.45-5439 за согласност на Правилникот со Тарифа за измени и дополнување на Правилникот со Тарифа за користење на авторски музички дела донесен од Собранието на ЗАМП на 12.05.2008год. а заведен под бр..222-3-03 од 13.05.2008 година. Истиот, согласно ЗАПСП на Р.М. е објавен во Службен весник на Р.М бр. 70/08 од 09.06.2008 год.
... повеќе

НАСТАНИ
                                   28 мај 2008 год.

На 28 мај 2008 година ,ЗАМП склучи договор за меѓусебно реципрочно претставување со PRS  (Велика Британија). Тоа е едно од најстарите и поголемите авторски здруженија членки на ЦИСАК кое штити над 10 милиони авторски дела.